Ортов Облак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ортов Облак[1] — именуван според холандскиот астроном Јан Орт, понекогаш нарекуван и Епик–Ортов Облак,[2] теориски облак претежно составен од ледени планетизимали за кои се верува дека се на растојанија од Сонцето на растојанија од 50,000 and 200,000 ае (0.8 and 3.2 сг).[б 1][3] Поделен е на две области: првата во облик на диск или внатрешен Ортов Облак (или Хилсов Облак) и сферен надворешен Ортоб Облак. Двете области се наоѓаат зад хелиосферата и во меѓуѕвездената средина.[3][4] Кајперовиот Појас и Расеаниот Диск, останатите два извори на Заднептунски тела, се на растојание од една илијадинка од Сонцето колку од Ортовиот Облак.
Надворешната граница на Ортовиот Облак ја определува космографската граница на Сончевиот Систем и е продолжение на сончевата Хилова сфера.[5] Надворешниот Ортов Облак е слабо сврзан со Сончевиот Систем, и затоа лесно може да биде под гравитациско влијание на ѕвездите во минување и самиот Млечен Пат. Овие сили понекогаш поместуваат комети од нивните орбити во облакот и ги насочуваат кон внатрешниот Сончев Систем.[3] Засновано на нивните орбити, повеќето од краткопериодичните комети можно е да потекнуваат од расеаниоот диск, нои некопи можно е да потекнуваат од самиот Ортов Облак.[3][6]
Астрономите се сложуваат дека материјалот од кој се состои Ортовиот Облак се создал близу до Сонцето и бил расеан во просторот од гравитациските ефекти на џиновските планети во почетокот на развојот на Сончевиот Систем.[3] Иако не постојат директни потврдни набљудувања на Ортовиот Облак, можно е да е изворот на сите долгопериодични и комети од Халеевиот тип кои навлегуваат во внатрешниот Сончев Систем, и истот така е извор на кентаурите и кометите од Јупитеровото семејство.[6]