Османлиска Грција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Поголемиот дел од територијата на денешна Грција, под власта на Отоманското Царство била во периодот од 15 век па сè до прогласувањето на независност во 1821. Овој период од историјата на Грција е познат како Tourkokratia (грчки: Τουρκοκρατία ", турско владеење").
Оваа сторија е дел од темата: | |||
Преаисториска Грција | |||
Хеленски период | |||
Кикладички период | |||
Минојска цивилизација | |||
Микенска цивилизација | |||
Грчки стар период | |||
Стара Грција | |||
Архаичен период во Грција | |||
Класична Грција | |||
Хеленска Грција | |||
Римска Грција | |||
Средновековна Грција | |||
Византиско Царство | |||
Отоманска Грција | |||
Модерна Грција | |||
Грчка војна за независност | |||
Кралство Грција | |||
Грција во II светска војна | |||
Граѓанска војна во Грција | |||
Воена хунта | |||
Хеленска Република | |||
Тематска историја | |||
Економска историја на Грција | |||
Воена историја на Грција | |||
Уставна историја на Грција | |||
Имињата на Грците | |||
Грчка уметност |
Византиското Царство, која владеела со поголемиот дел од грчкиот свет, постоела во период од околу 1100 години. Нејзината престолнина Цариград на неколкупати била опседнувана како од крстоносците, така и од Османлиите.
Османлиското заземање на Грција било проследено со претходното отоманско покорување на Србија на северниот дел од Балканскиот Полуостров. Меѓу првите битки кои се одвивале на Балканот била т.н. Маричка битка во 1371 година кај реката Марица во која српските сили предводени од српскиот крал Волкашин Мрњавчевиќ претрпиле пораз. Истото се случило и во 1389 година во Косовската битка, при кое Османлиите конечно го зазеле овој дел од Балканот.
По покорувањето на Србија, Османлиите во 1453 година го зазеле градот Цариград, и веднаш по тој голем успех се упатиле во внатрешноста на Грција. Така во 1458 година ја зазеле и Атина. Грците власта на Пелопонез ја задржиле уште само две години. Во 1460 година, полуостровот бил во рацете на Венецијанската Република и Џеновската република, но веќе во 1500 година поголемиот дел од полуостровот и разните помали острови припаѓале на Османлиите. Високите планини во Грција биле скоро недопрени, па тоа им претставувало единствено засолниште на Грците.
Во 1571 година бил заземен Кипар. Венецијанската Република Крит го држал до 1670 година. Јонските острови биле само на кратко во владеење на Османлиите (Кефалонија 1479-1481 и 1485-1500), и практично останале под власта на Венеција.