Отворени листи
From Wikipedia, the free encyclopedia
Отворена листа е секоја варијанта на пропорционалниот изборен модел, каде што гласачите имаат одредено влијание врз редоследот по кој се избираат кандидатите од одредена партија. Оваа варијанта е спротивна на пропорционалниот изборен модел со затворена листа, во која само активните членови, партиските функционери или консултанти можат да го одредат редоследот по кој ќе се бираат кандидатите. Покрај ова, моделот со отворени листи им овозможува на гласачите да избираат поединци, наместо партии. Различни системи му даваат на избирачот различно количество влијание. Изборот на гласачот се нарекува преференцијален глас; гласачите обично можат да дадат еден или повеќе преференцијални гласови на кандидатите од отворената листа.