Ото Вагнер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ото Коломан Вагнер (13 јули 1841 во Виена - 11 април 1918 во Виена) бил австриски архитект и теоретичар.
Ото Вагнер | |
---|---|
Портрет на Ото Вагнер, Австрискиот весник „Спорт и салон“, 21 април 1918 година, | |
Националност | Австриец |
Познат(а) по | архитектура |
Значајни дела | Зградата ан поштенската штедилница во Виена |
Правец | Модернизам, Сецесија |
Започнал да работи во необарокниот стил, но неговите подоцнежни дела се разликувале и се претставници на сецесијата како архитектонски стил. Како најистакнат претставник на Виенската сецесија се смета за еден од оснвополжниците на овој стил. Проектирал многу градби во Австроунгарија, а во 1883 година направил нов градски план на Виена. Автор е на неколку дела и статии, поврзани со новите архитектонски стилови и градското планирање, меѓу кои најпознати се „Модерна архитектура“ и „Велеград“. Работел и како професор на уметничката академија во Виена.
Според своите заслуги го нарекувале „татко на виенската архитектура“ и „учител на целата генерација“.