Палеолитска Венера
From Wikipedia, the free encyclopedia
Венерските фигурини вклучуваат широк спектар на статуетки од Горниот Палеолит кои ги претставуваат жените со преувеличени физички одлики. Повеќето биле откопани во Европа, но други се пронајдени и во Сибир, што ја протега нивната дистрибуција низ поголемиот дел на Евроазија.
Повеќето од нив имаат нагласени колкови, стомак, гради, бутови, или вулва.[1][2] Рацете и нозете често отсуствуваат, а главата е обично мала и безлична. Тие можеле да иматат ритуална или симболичка функција, да бидат автопортрети на жени, да бидат амблеми на безбедност и успех, икони на плодноста, или директни репрезентации на божицата-мајка.
Хелен Бенини тврди во Појавата на Божицата дека конзистентноста во дизајнот на овие безлични, често бремени[3] личности со големи гради, во текот на еден поширок регион и во текот на долг временски период укажуваат на тоа дека тие претставуваат архетип на женски Врховен Создател. Луѓето во неолитот, бронзеното време, и железното доба најверојатно ја сметале жената како творец вродено сврзана со циклусите на природата: жените роѓале (создавале) и нивниот менструален циклус бил во согласност со Месечните циклуси и плимата и осеката.[4]
- Реконструкција на Венера од Леспуг[5]
- Вјестоничка Венера — најрана откриена употреба на керамика (29.000 п.н.е. - 25.000 п.н.е.)
- Венера од Моравани
- Вилендорфска Венера
- Венера од Брасемпу
- Венера од Парабита (дрвена репродукција)
- Венера од Лосел