Параналска опсерваторија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Параналска опсерваторија — астрономска опсерваторија на ридот Паранал, 120 км јужно од градот Антофагаста, Чиле. Сместена е на надморска височина од 2.635 м и ја опслужува Европската јужна опсерваторија. Најголемиот телескоп е наречен Многу голем телескоп (VLT) и е составен од четири посебни телескопи со пречник од 8,2 м. Покрај ова, со заедничко сосредочување на нивната светлина, четирите телескопи сочинуваат петти инструмент, наречен Интерферометар на Многу големиот телескоп (Very Large Telescope Interferometer, VLTI). Во состав на VLTI (1,8 м) влегуваат и четири помошни телескопи за да може да работи кога главните телескопи се зафатени.
Единици на Многу големиот телескоп на ридот Паранал | |||||||||
Организација | Европска јужна опсерваторија | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Код | 309 | ||||||||
Место | ридот Паранал, Чиле | ||||||||
Координати | |||||||||
Надм. висина | 2.635 м | ||||||||
Портал ESO - VLT | |||||||||
|
Во комплексот се наоѓа и Извиден телескоп на VLT (VLT Survey Telescope) со пречник од 2,6 м, како и телескопот VISTA со пречник од 4,0 м и пошироки видни полиња за рамномерно извидување на големи небесни подрачја.