Патеки на славата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Патеки на славата — анти-воен филм од 1957 година во режија на Стенли Кјубрик според истоимениот роман на Хемфри Коб. Правата за да се снима филм според овој роман, Кјубрик на вдовицата на Хемфри Коб ѝ ги платил со 10.000 американски долари.
„Патеки на славата“ | |
---|---|
Режисер | Стенли Кјубрик |
Продуцент | Џејмс Харис |
Главни улоги | Кирк Даглас Ралф Микер Адолф Менжу Џорџ Мекреди |
Музика | Џералд Фрајд |
Кинематографија | Џорџ Крауз |
Монтажа | Ева Крол |
Студио | Bryna Productions |
Дистрибутер | United Artists |
Премиера | 25 декември 1957 |
Времетраење | 88 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Буџет | $850,000 |
Филмот иако не постигнал голем комерцијален успех, сепак претставува големо анти-воено дело на младиот Кјубрик, каде невини војници по случаен избор се жртвени јариња за сметка на славата на неуспешните генерали.
Случувањата се засноваат на вистинита слична ситуација каде четири француски војници под команда на генерал Жеро Ревејак се казнети со смртна казна заради побуната во Souain-Perthes-lès-Hurlus. Семејствата на погубените војници подоцна ја имаат тужено француската војска заради залудно одземените животи, додека судењето е прогласено за нефер. Сепак целта на ваквите преземени мерки на генералштабот на француската војска бил да се зајакне моралот и зголеми одлучноста меѓу војниците. Познати се слични мерки како убивање на секој 10-ти војник од 8-миот батаљон во Алжир кога овие одбиле команда за напад.
Вакви мерки против кукавичлук се практикувале во римската војска 2000 години наназад, што е познато како десеткување. Слични мерки имало во војската на Светото Римско Царство во 1642 година (90 војници биле сурово обезглавени од познат чешки џелат Јан Мудлар), потоа во редовите на Италијанската војска за време на првата светска војна, а најизразено е казнувањето заради кукавичлук во редовите на Црвената армија за време на втората светска војна. За време на првата светска војна, војската на САД осудила 24 свои војници на смрт заради кукавичлук, но смртните казни никогаш не е биле извршени.