Пир Епирски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пир Епирски (318 п.н.е. - 272 п.н.е.) — еден од најуспешните војсководци од македонскиот период на историјата. Бил крал на Молосијците (од ~ 297 п.н.е.), Епир (306 п.н.е. - 301 п.н.е., 297 п.н.е. - 272 п.н.е.) и Македонија (288 п.н.е. - 284 п.н.е., 273 п.н.е. - 272 п.н.е.), и еден од најсилните противници на Римска Република. Дел од неговите битки, иако успешни, завршуваат со големи загуби во редовите на неговата војска, што е и непосреден повод за создавањето на изразот Пирова победа.