Предраг Мијатовиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Предраг „Пеџа“ Мијатовиќ (роден на 19 јануари 1969 во Титоград -денешна Подгорица, СР Црна Гора, Југославија) — поранешен црногорски фудбалер и поранешен спортски директор на Реал Мадрид. Во текот на неговата кариера неговата позиција на игралиштето била напаѓач, но тој честопати бил разместуван на други позиции, особено на крајот на неговата кариера, како играч за врска.
Лични информации | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Целосно име | Предраг Мијатовиќ | |||||||||||
Датум на раѓање | 19 јануари 1969(1969-01-19) (55 г.) | |||||||||||
Положба | Напад | |||||||||||
Младинска кариера | ||||||||||||
Будуќност Подгорица | ||||||||||||
Возрасна кариера* | ||||||||||||
Години | Екипа | Наст. | (Гол.) | |||||||||
1987–1989 | Будуќност Подгорица | 73 | (10) | |||||||||
1990–1993 | Партизан | 104 | (44) | |||||||||
1993–1996 | Валенсија | 104 | (56) | |||||||||
1996–1999 | Реал Мадрид | 90 | (29) | |||||||||
1999–2002 | Фјорентина | 42 | (4) | |||||||||
2002–2003 | Левнте | 21 | (3) | |||||||||
Вкупно | 434 | (146) | ||||||||||
Меѓународна кариера | ||||||||||||
1989–2003 | Србија и Црна Гора[nb 1] | 73 | (27) | |||||||||
Honours
| ||||||||||||
*Клупски домашни лигашки настапи и голови |
На клупско ниво, Мијатовиќ играл за шест различни клубови: Будуќност Подгорица, ФК Партизан, Валенсија, Реал Мадрид, Фјорентина и Леванте. Меѓународно, Мијатовиќ има настапено 73 пати, постигнато 28 гола (настапите се поделени помеѓу СФР Југославија и државните репрезентации на СР Југославија). Во 1998 година, играше за светско првенство во фудбал 1998 и во 2000-тата година за европско првенство.
Многу талентиран техничар, познат по своите извонредни вештини и видик како и неговата способност за постигнување на многу голови, Мијатовиќ е добро запомнат по постигнувањето гол за Реал Мадрид во 1998 година во финалето на лигата на шампиони за враќање на европската титулата во Мадрид по 32 години. Исто така тој имал многу незаборавни моменти на големите натпреварувања, во двата клуба и на меѓународните нивоа. Во сезоната 1995/1996 година во шпанското фудбалско првенство (Примера) тој постигнал 28 гола за Валенсија што доведе до контроверзен трансфер во Реал Мадрид.