Премиер лига на Англија 2001-2002
From Wikipedia, the free encyclopedia
Премиер лига на Англија 2001-2002 била 103-тото издание на највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги на Англија, односно 10-тата сезона на Премиер лигата, од нејзиното основање во 1992 година. Сезоната започнала на 18 август 2001, а завршила на 11 мај 2002, со триумф на екипата на Арсенал.
Премиер лига на Англија 2001-2002 Barclaycard Premiership 2001-2002 | |||||
---|---|---|---|---|---|
Натпреварување | Премиер лига на Англија | ||||
Спорт | Фудбал | ||||
Издание | 103-то | ||||
Период | од: 18 август 2001 до: 11 мај 2002 | ||||
Држава | Англија | ||||
Резултати | |||||
Шампион | Арсенал 12. титула | ||||
Лига на шампиони | 4. клуба | ||||
Куп на УЕФА | 4. клуба | ||||
Интертото куп | 2. клуба | ||||
Испаднале | Ипсвич Таун Дарби Каунти Лестер Сити | ||||
Статистика | |||||
Најдобар стрелец | Тјери Анри (24 гола) | ||||
Одиграни натпревари | 380 | ||||
Постигнати голови | 1.001 (2,63 по натпревар) | ||||
Хронологија на натпреварувањето | |||||
|
Екипата на Манчестер Јунајтед влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Фулам, Блекбурн Роверс и Болтон Вондерерс биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Првата дивизија 2000-2001. Тие ги замениле Манчестер Сити, Ковентри Сити и Брадфорд Сити, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во понизок ранг.
Арсенал ја освоил титулата на 8 мај 2002 година после победата во директниот дуел со најблискиот гонител, Манчестер Јунајтед, на Олд Трафорд, во претпоследниот натпревар од сезоната. Поразот на црвените ѓаволи освен што ги оставил без ниту теоретски шанси во борбата за титулата во последното коло, туку воедно воочи него тие ја загубиле втората позиција на табелата и му дозволиле на Ливерпул, кој истиот ден го совладал Блекбурн Роверс, да ги престигне на табелата. Во последното коло немало промени на водечките позиции па Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед ги задржале исти своите позиции какви што биле и пред тоа и заедно со четвртиот, Њукасл Јунајтед, обезбедиле место во Лигата на шампионите за следната сезона.
Петтопласираниот Лидс Јунајтед, заедно со победникот на Лига купот, Блекбурн Роверс, се квалификувале за Купот на УЕФА за следната сезона. Бидејќи победникот на ФА Купот, Арсенал, веќе се пласирал за европските купови преку првенството, поразениот тим во финалето, екипата на Челси, исто така изборила пласман во Купот на УЕФА. Четвртиот и последен англиски клуб кој стекнал право да учествува во ова натпреварување за следната сезона била екипата на Ипсвич Таун која се квалификувала како победник на рангирањето на УЕФА за ферплеј.
Астон Вила и Фулам биле двата англиски клуба кои учествувале во Интертото купот 2002.
Ипсвич Таун, Дарби Каунти и Лестер Сити биле трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона.
Најдобaр стрелец во оваа сезона бил Тјери Анри од шампионот Арсенал со 24 постигнати гола.