Претседателски избори во САД во 1820 година — 9. по ред претседателски избори во САД. Започнале на 1 ноември, а завршиле на 6 декември 1920 година. Биле трети и последни американски претседателски избори каде што еден кандидат за претседател победил без конкуренција (тоа претходно се злучило на изборите во 1788-89 и 1792 каде што Џорџ Вашингтон победил без сериозен противник). Актуелниот претседател Џејмс Монро и потпретседателот Даниел Д. Томкинс биле повторно избрани со сите освен еден избирачки глас на гласањето на Изборниот колегиум. Федералистичка партија која претрпила големи неуспеси на претходните избори, сепак учествувала на овие избори, но со свој претставник за потпретседател (Ричард Стоктон). Федералистите неуспеале да номинираат свој кандидат за претседател на национално ниво. За американската Федералистичка партија ова биле последните избори на кои учествувала.
Кратки факти 229/232 изборни гласови во Изборниот колегиум 115/117 изорни гласови гласови за победа, Кандидат ...
Претседателски избори во САД (1820)
|
1816 ←
|
1 ноември – 6 декември 1820 |
→ 1824
|
|
|
|
Резултати од изборите. Зелената боја ги означува сојузните држави во кои победил Монро, светлата зелена боја го означува избирачот Вилијам Пламер од Њу Хемпшир кој го дал својот изборен глас за Џон Квинси Адамс. Бројките го означуваат бројот на изборни гласови распределени по сојузна држава. Изборните гласови како и самата сојузна држава Мисури биле оспорувани. |
|
Затвори