Протеј (месечина)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Протеј исто така познат како Нептун VIII — втората по големина нептунска месечина и најголемиот внатрешен сателит на Нептун. Откриен од вселенското летало Војаџер 2 во 1989 година, го добил името по Протеј, морскиот бог во грчката митологија кој ја менува формата[1]. Протеј кружи околу Нептун во речиси екваторска орбита на растојание од околу 4,75 пати повеќе од полупречникот од екваторот на Нептун[2].
Слика на Протеј од Војаџер 2 (1989) | |
Откривање | |
---|---|
Откривач | Војаџер 2 Стивен Синот |
Откриено | 16 јуни 1989 |
Ознаки | |
Изговор | /ˈproʊtiːəs/ |
Наречена по | Протеј |
S/1989 N 1 | |
Орбитални особености[1] | |
Епоха 18 август 1989 | |
Периапсида | 117.584 ± 10 km |
Апоапсида | 117.709 ± 10 km |
117.647 ± 1 km (4.75 RN) | |
Занесеност | 0,00053 ± 0,00009 |
1,12231477 ± 0,00000002 | |
Просечна орбитална брзина | 7,623 km/s |
Наклон | 0,524 ° (до екваторот на Нептун) 0,026 ± 0,007 ° |
Месечина на | Нептун |
Физички особености | |
Димензии | 424 × 390 × 396 km[2][б 1] |
Среден полупречник | 210 ± 7 km[3] |
554,200 km2[4] | |
Зафатнина | (3,4 ± 0,4)⋅107 km³[2] |
Маса | 4,4⋅1019 kg (7,3672⋅10-6 Земјини)[б 2] |
Средна густина | ≈ 1.3 g/cm³ (проценка)[3] |
&1000000000000668500000066,85 m/s2[б 3] | |
5.29 km/s | |
синхроно[2] | |
zero[2] | |
Албедо | 0.096[3][5] |
Температура | ≈ 51 K (проценка) |
19.7[3] |
И покрај тоа што е претежно ледено тело повеќе од 400 километри во пречник, формата на Протеј значително отстапува од елипсоид. Има повеќе форма на неправилен полиедар со неколку малку конкавни страни и релјеф висок до 20 километри. Неговата површина е темна и неутрална боја. Најголемиот кратер на Протеј е Фарос, кој има повеќе од 230 километри пречник. Исто така, постојат голем број на гребени, жлебови и долини поврзани со големи кратери.
Протеј веројатно не е оригинално тело што се формирало со Нептун. Можеби се натрупал подоцна од остатоците формирани кога бил заробен најголемиот нептунски сателит Тритон.