Рафал Мајка
полски велосипедист / From Wikipedia, the free encyclopedia
Рафал Мајка (полски: Rafał Majka; р. 12 септември 1989 ) — полски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Бора-Хансгрое.[1]
Кратки факти Лични податоци, Роден ...
Мајка на Јапонскиот куп 2012 | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Роден | 26 септември 1989(1989-09-26) (34 г.) Зегартовице, Полска | ||||||||||||||
Висина | 1,73 м | ||||||||||||||
Маса | 58 кг | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Мом. клуб | Бора-Хансгрое | ||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | ||||||||||||||
Аматерски клубови | |||||||||||||||
2008–2009 2009 2010 | Грањано С.К. Мике-Силвер Крос-Селе Италиа (стажант) Петроли Фиренце | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2011–2016 2017- | Саксо Банк-СанГард Бора-Хансгрое | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
| |||||||||||||||
Последна промена 31 август 2020 |
Затвори
Познат е како силен искачувач, а се истакнал на Џиро д’Италија 2013, кога завршил седми во генералниот пласман и шести наредната година. Други поголеми достигнување се трите планински етапни победи на Тур де Франс, како и планинскиот пласман во 2014 година и во 2016 година, двете етапи и победата на Трката околу Полска. Своето прво завршување на подиум на некоја голема трка го постигнал на Вуелта а Еспања 2015, каде завршил како трети. На Летните олимписки игри 2016 освоил бронзен медал за Полска на друмската трка.