Рахим Стерлинг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рахим Шакил Стерлинг (англиски: Raheem Shaquille Sterling; 8 декември 1994) — англиски фудбалер, крило на Манчестер Сити и на англиската репрезентација.
Рахим Стерлинг | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Рахим Шакил Стерлинг[1] | ||
Роден на | 8 декември 1994(1994-12-08) (29 г.)[2] | ||
Роден во | Кингстон, Јамајка | ||
Држава | Англија | ||
Висина | &100000000000001720000001,72 м[3] | ||
Позиција | напаѓач, крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Челси | ||
Број | 17 | ||
Младинска кариера | |||
2003–2010 | КПР | ||
2010–2012 | Ливерпул | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2012–2015 | Ливерпул | 95 | (18) |
2015–2022 | Манчестер Сити | 115 | (40) |
2022– | Челси | 5 | (3) |
Репрезентација ‡ | |||
2009–2010 | Англија 16 | 7 | (1) |
2010–2011 | Англија 17 | 13 | (3) |
2012 | Англија 19 | 1 | (0) |
2012–2013 | Англија 21 | 8 | (3) |
2012– | Англија | 49 | (8) |
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 април 2019 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 20 април 2019 |
Роден во Јамајка, Стерлинг се преселил во Лондон на возраст од пет години и ја започнал својата фудбалска кариера во Квинс Парк Ренџерс пред да му се приклучи на Ливерпул во 2010 година. Во јули 2015 година, по подолг спор околу новиот договор, тој потпишал за Манчестер Сити во трансфер со потенцијална вредност од 49 милиони фунти, што е највисока сума некогаш платена за трансфер на англиски фудбалер.
Стерлинг го направил своето деби за сениорската репрезентација во ноември 2012, откако претходно играл и за неколку англиски младински селекции како репрезентациите под 16 години, под 17 години, под 19 години и под 21 година. Тој исто така ја претставувал Англија на две Светски првенства во 2014 и 2018 и Европското првенство во 2016 година.