Рашид Волис
американски кошаркар / From Wikipedia, the free encyclopedia
Рашид Абдул „Шид“ Волис (роден на 17 септември 1974)[1] — поранешен американски кошаркар, кој играл 16 сезони во Националната кошаркарска асоцијација (НБА).
Рашид Волис | |
---|---|
Позиција | крилен центар, центар |
Висина | 2,08 м |
Тежина | 102 кг |
Број | 30, 36 |
Роден | 17 септември 1974(1974-09-17) (49 г.) Филаделфија, Пенсилванија |
Националност | САД |
Факултет | Северна Каролина (1995–1997) |
Драфт | 1995 / Рунда: 1 / Пик: 4-ти overall |
Избран од Вашингтон Булетс | |
Проф. кариера | 1995–2013 |
Клубови | |
Како играч: | |
1995-1996 | Вашингтон Булетс |
1996-2004 | Портланд Т. Блејзерс |
2004 | Атланта Хокс |
2004-2009 | Детроит Пистонс |
2009-2010 | Бостон Селтикс |
2012-2013 | Њујорк Никс |
Како тренер: | |
2013–2014 | Детроит Пистонс (асистент) |
Репрезентација | |
Инфо од: 29.11.2016. |
Роден во Филаделфија, Вплис играл колеџ кошарка на Универзитетот Северна Каролина пред да стигне во НБА во 1995 година. Првично избран од страна на Вашингтон Булетс (сега познат како Вашингтон Визардс) како четврти пик на НБА Драфтот 1995, Волис бил избран во вториот тим Ол-руки тим во неговата прва сезона. Потоа тој бил трејдуван во Портланд Треилблејзерс по завршувањето на сезоната. Во Портланд тој бил клучен член на тимот на Треилблејзерс што стигнал до финалето на Западната конференција во 1999 и 2000, и бил избран за НБА Ол-стар натпреварите во 2000 и 2001 година. Волис имал најдобри во кариерата во просек 19,4 бода по натпревар во 2002 година за Треилблејзерс.
Во текот на сезоната 2003-2004 Портланд го трејдувале Волис во Атланта каде што тој одиграл само еден натпревар пред да биде трејдуван во Детроит Пистонс. Со Пистонс, Волис го освоил НБА првенството во 2004 година, но го загубил НБА финалето во следната сезона. Поединечно, Волис бил НБА Ол-стар во 2006 и 2008 година. По сезоната 2008-2009, Волис заминал од Пистонс како слободен играч и потпишал со Бостон Селтикс, каде што играл до пензионирањето во 2010 година, за подоцна по двегодишна пауза тој да се врати на паркетот и потпишувајќи едногодишен договор со Њујорк Никс во 2012 година.
Волис во моментов е водечки НБА играч на сите времиња по бројот на направени технички фаули, со 317, што воглавно се должи на неговиот темперамент.[2] Тој исто така, го држи рекордот за најмногу технички грешки во една сезона, кога во сезоната 2000-2001 добил дури 41 техничка грешка во период од 80 натпревари, во просек од околу еден технички фаул на секои два натпревари. Својата кариера ја завршил на 17 април 2013 година.