Региони на Филипините
административна единица на Филипините / From Wikipedia, the free encyclopedia
Филипините се поделени на 17 региони (филипински: rehiyon); кои првенствено служат за усогласување и планирање на државните служби во единиците на локална самоуправа. Највеќето државни служби ги нудат своите услуги во регионални, наместо во покраински или градски ограноци. Тие обично се сместени во регионалните центри.
Од вкупно 17 региони, 16 се обични управни регионални единици со кои раководат совети за регионален развој. Покрај тоа, Националниот Престолнински Округ (Метро Манила), има и метрополска управа. Само автономниот регион Бангсаморо во сместен во Муслимански Минданао има сопствена влада и парламент со свои овластувања и должности ополномоштена од државниот конгрес.