Риека
From Wikipedia, the free encyclopedia
Риека (хрватски: Rijeka, на други дијалекти: Rika и Reka, словенечки: Reka) или Фјуме (италијански: Fiume, унгарски: Fiume, германски: Sankt Veit am Pflaum) — трет по големина град во Хрватска и седиште на Приморско-горската Жупанија. Во Риека живеат 128.624 жители.[1]. Со околината која го опфаќа просторот од поранешната општина Риека со општините Вишково, Чавле, Клана, Јелење и Кострена, и градовите Кастав, Краљевица и Бакар, додека во поширокото подрачје на градот живеат 245.054 жители (2011).
Риека | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Rijeka Città di Fiume | ||||||||
Rijeka | ||||||||
Земја | Хрватска | |||||||
Жупанија | Приморско-горска | |||||||
Управа | ||||||||
• Градоначалник | Војко Оберснел (СДП) | |||||||
Површина | ||||||||
• Градска | 44 км2 (17 ми2) | |||||||
• Градска | 825 км2 (319 ми2) | |||||||
• Метро | 1.665 км2 (643 ми2) | |||||||
Надм. вис. | {{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „–“
|1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „–“}}0–499 м | |||||||
Население (2011.)[1] | ||||||||
• Градско | 128.624 | |||||||
• Густина | 2.923/км2 (7,570/ми2) | |||||||
• Градскo | 213.666 | |||||||
• Градска | 259/км2 (670/ми2) | |||||||
• Метро | 245.054 | |||||||
• Метро | 147/км2 (380/ми2) | |||||||
Час. појас | CET (UTC+1) | |||||||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |||||||
Пошт. бр. | 51000 | |||||||
Повик. бр. | 051 | |||||||
Рег. таб. | RI | |||||||
Светец-заштитник | Св. Вид | |||||||
Мреж. место | rijeka.hr |
Градот уште во 19 век поради својата идеална географска положба и длабочината на морето во Ријечкиот залив, како дел од поголемиот Кварнерски Залив на Јадранското Море, се развил во едно од најголемите средноевропски пристаништа и моќно индустриско средиште. Денес Риека е најголемо морско пристаниште во Хрватска. Од индустриските гранки најразвиено е бродоградителството. Во градот се наоѓаат две голе бродоградилишта: „3 Мај“ и „Виктор Ленац“. Риека била значајна и како едно од најважните финансиски средишта во поранешна Југославија.
Во Риека се наоѓа Хрватскиот народен театар Иван пл. Зајц изграден во 1885 година и универзитетот во Риека, основан во 1973 година.