Рихард Рети
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рихард Рети (роден на 28 мај 1889 во Пезинок, Австроунгарија (денес Словачка) - починал на 6 јуни 1929 во Прага) бил чехословачки шаховски велемајстор, автор, теоретичар, шаховски композитор и шаховски новинар.
Кратки факти Рихард Рети, Целосно име ...
Рихард Рети | |
---|---|
Рихард Рети | |
Целосно име | Рихард Рети |
Земја | Австроунгарија Чехословачка |
Роден | 28 мај 1889
Пезинок, Австроунгарија (денес Словачка) |
Починал | 6 јуни 1929
Прага, Чехословачка |
Титула | велемајстор |
Затвори
Во својата кратка кариера, Рети е запаметен по победата над актуелниот светски првак Хосе Раул Капабланка на шаховскиот турнир во Њујорк во 1924 година, нанесувајќи му го првиот пораз на Капабланка по 8 години. Рети, исто така е познат и по своите студии на завршницата, а неколку негови композиции се неизбежен дел од современите шаховски учебници. Тој бил и еден од главните поддржувачи на хипермодернизмот во шахот.
Неговиот постар брат, Рудолф Рети бил познат музички аналитичар, композитор и пијанист.[1]