Робер Пирес
From Wikipedia, the free encyclopedia
Робер Емануел Пирес (роден на 29 октомври 1973 во Ремс) — поранешен француски фудбалер, играч од средниот ред.
Робер Пирес | |||
---|---|---|---|
Пирес во 2011 година | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Робер Емануел Пирес[1] | ||
Роден на | 29 октомври 1973(1973-10-29) (50 г.) | ||
Роден во | Ремс, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | &100000000000001880000001,88 м[2] | ||
Играчки податоци | |||
Позиција | среден ред | ||
Повлекување | 2016 (42 г.) | ||
Младинска кариера | |||
1989–1992 | Ремс | ||
1992–1993 | Мец | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1993–1998 | Мец | 162 | (43) |
1998–2000 | Олимпик Марсеј | 66 | (8) |
2000–2006 | Арсенал | 189 | (62) |
2006–2010 | Виљареал | 103 | (13) |
2010–2011 | Астон Вила | 9 | (0) |
2014–2015 | Гоа | 8 | (1) |
Репрезентација | |||
1995–1996 | Франција под 21 | 12 | (5) |
1996–2004 | Франција | 79 | (14) |
|
Пирес играл за екипите на Мец и Марсеј во својата татковина, пред да започне неговото време во Арсенал, по кое тој останал најмногу запаметен. Со топџиите тој освоил три ФА Купа и две титули во Премиер лигата, вклучувајќи ја и сезоната на Непобедливите, во која клубот ја освоил лигата без ниту еден пораз во натпреварувањето. Тој бил изгласан од навивачите на Арсенал како 6-ти најдобар играч во историјата на клубот.[3] Во подоцнежните години од кариерата, тој настапувал за екипите на Виљареал и на Астон Вила, а по три години пауза во сезоната 2014-2015 тој се вратил на фудбалските терени за да го облече дресот на екипата на Гоа од Индија. Своето официјално повлекување од фудбалот го објавил на 25 февруари 2016 година.
Тој, исто така, ја претставувал француската репрезентација за која настапил 79 пати и постигнал 14 гола во периодот од 1996 до 2004 година. Во тој златен период за триколорите, Пирес со својата репрезентација го освоил Светското првенство 1998 на домашен терен и Европското првенство две години подоцна. Тој бил дел од репрезентацијата која освоила две титули на Купот на конфедерации во 2001 и 2003 година, и бил избран за најдобар играч на турнирот во 2001 година.