Саат-кула
кула со часовник / From Wikipedia, the free encyclopedia
Саат-кула или часовничка кула — архитектонска градба во европските градови кои биле под власта или влијанието на Османлиското Царство. Саат-кулите биле градени најчесто во европскиот дел на Османлиското Царство, особено во Босна и Херцеговина. Саат-кулата претставува османлиска варијација на западноевропскиот облик на камбанарија. Саат-кулите биле градени со големи часовници, обично на сите четири страни, за што поголем број жители да можат да го читаат времето. Главно биле градени недалеку од џамиите и често биле дел од поголем урбан комплекс кој покрај џамиите имал и амами, шадрвани и занаетчиски работилници. Саат-кулата претставувала значаен архитектонски објект во класичната османлиска организација на градот кој го означувал средиштето на економско развиената средина.