Свадбата на Фигаро
From Wikipedia, the free encyclopedia
Свадбата на Фигаро ( италијански: Le nozze di Figaro) е опера буфа (комична опера) во четири чина компонирана во 1786 година од Волфганг Амадеус Моцарт. Италијанското либрето е напишано од Лоренцо Да Понте. Премиерно е изведена во Бург театарот во Виена на 1 мај 1786 година. Либретото на операта се заснова на драмска комедија напишана во 1784 година од Пјер Бомарше - „Лудиот ден, или Свадбата на Фигаро“ (фран: La folle journalée, ou le Mariage de Figaro). Се раскажува како слугите Фигаро и Сузана успеваат да се венчаат, спречувајќи ги напорите на нивниот работодавец грофот Алмавива да ја заведе Сузана, а на Фигаро да му одржи лекција за верност.
Свадбата на Фигаро | |
---|---|
Опера од В. А. Моцарт | |
Слика од 19-ти век која ги прикажува Грофот Алмавива и Сузана во третиот чин | |
Изворно | Le nozze di Figaro |
Либрето | Лоренцо Да Понте |
Јазик | Италијански |
Според | Драмата Свадбата на Фигаро од Пјер Бомарше |
Премиерна изведба | |
Датум | 1 мај 1786 (1786-05-01) |
Место | Бург Театар, Виена |
Се смета за една од највеличенствените опери во светски рамки,[1] и постојано се наоѓа меѓу првите десет на Operabase листата за најчесто изведуваат опери.[2]