Сиан
главен град на покраината Шенси, Кина / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сиан (кинески: 西安市, пинјин: Xī'ān Shì, во превод „Западен мир“)[4] низ историјата познат како Чанган[4] или Хси-Ан (порано: Сианфу) — главен град на кинеската покраина Шенси и еден од потпокраинските градови. Како еден од најстарите градови во кинеската историја, Сиан е една од четирите стари престолнини на Кина затоа што бил главен град (под различни имиња) во времето на некои од најважните кинески династии за време на кинеската историја [5], вклучувајќи ги династиите династија Џоу, Ќин, Хан , Суи и Танг [5]. Сиан била источна почетна точка или крајна точка на Патот на свилата, а исто така е познат и како место на Теракотната војска направена за време на династијата Ќин. Историјата на градот е стара повеќе од 3100 години, а пред династијата Минг се викал Чанган[4].
Сиан 西安市 Сиан, Хси-ан | |
---|---|
Потпокраински град и седиште на префектура | |
Одгоре: Теракотна војска, Голема пагода на дивата гуска, Сианска тапанарија, Сианска камбанарија, Сиански градски ѕидини, Рај Танг ноќе | |
Опфат на јурисдикцијата на Си'ан во Шенси | |
Country | Народна Република Кина |
Покраина | Шенси |
Општинско седиште | Веијанг Дистрикт |
Управа | |
• Партиски секретар | Ванг Хао |
• Градоначалник | Ли Мингјуен |
Површина | |
• Потпокраински град и седиште на префектура | 1 E+9_m² |
• Градска (2018)[1] | 1.088 км2 (420 ми2) |
• Метро | 3.866,25 км2 (149,277 ми2) |
Надм. вис. | &10000000000000405000000405 м |
Население (2018) | |
• Потпокраински град и седиште на префектура | 12,000,600[2] |
• Градскo (2018)[1] | 7.135.000 (10th) |
• Метро[3] | 12.900.000 |
• Метро | 33/км2 (86/ми2) |
Час. појас | CST (UTC+8) |
Поштенски број | 710000–710090 |
Повик. бр. | 29 |
ISO 3166 | CN-SN-01 |
БДП | (2017) |
– Вкупно | 748,52 милијарди женминби (US$118.8 billion) |
– по жител | 71.853 женминби (US$10,823) |
Регистерски таблички | 陕A,陕U |
Цвеќе на градот | Цвет на калинка |
Дрво на градот | Дрво пагода |
Мреж. место | XA.gov.cn |
Од 1990-тите години, кинеската економија доживува раст, па и централните и северозападните области. Во тој подем, Сиан повторно станува значаен културен, индустриски и образовен центар на овие областо со фокус на истражување и развој, национална безбедност и кинеската програма за истражување на вселената.