Скарамуча
From Wikipedia, the free encyclopedia
Скарамуча (италијански: [Scaramuccia] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help), француски: [Scaramouche] Error: {{Lang}}: text has italic markup (help)) – лик со маска од италијанската комедија дел арте, јужна варијанта на Капитано. Дел е од јужниот или неаполски квартет од маски заедно со Тартаља, Ковиело и Пулчинела. Ликот на Скарамуча во многу погледи го повторува ликот на северната варијанта – оној на Капитано, но со помалку политичка сатира.
Во периодот после 1661 година, Молиер ја делел сцената во Пале роајал со трупата на Италијанската комедија каде во улогата на Скарамуча играл глумецот Тибериј Фиорили, кој не носел воена униформа и дури не носел сабја и ја создал сликата на ликот кој како таков се задржал до денес . Италијанскиот драматург Карло Голдони исто така ја играл улогата на Скарамуча. Последниот фигурира и во два романи на Рафаел Сабатини, како и во песната "Бохемска рапсодија" на англиската група Квин.