Славна револуција
револуција во Британија во XVII век / From Wikipedia, the free encyclopedia
Славна револуција ― низа настани кои кулминирале со државен удар во Англија во ноември 1688 година по кој бил соборен кралот Џејмс II Стјуарт од Англија и Шкотска. Во пучот учествувале холандски експедициски сили под команда на владетелот на Холандија, Вилем Орински, кој станал нов крал на Англија под името Вилијам III (кој владеел заедно со неговата сопруга Марија II Стјуарт, ќерка на Џејмс II). Пучот имал широка поддршка од најшироките слоеви од англиското општество. Меколеј сметал дека ова е централен настан во целата англиска историја.
Овој настан во историската литература се среќава и под имињата „Револуција од 1688“ и „Бескрвна револуција“; второто име, сепак, ја одразува само транзицијата на моќта во Англија и не ги зема предвид војните со Јакобитите во Ирска и Шкотска. Терминот „Славна револуција“ првпат го употребил Џон Хемпден кон крајот на 1689 година.[1]