Сон
умствена појава при спиењето / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сон — низа на слики и чувства кои се појавуваат за време на спиењето.[1] Содржината и целта на соништата не може целосно да се разбере, иако тие биле предмет на интерес низ историјата. Научната дисциплина која се занимава со соништата е позната како онирологија, а толкувањето на сонот се нарекува ониромантија.