Сончогледово масло
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сончогледовото масло се добива од семето на сончогледот (Helianthus annuus). Сончогледовото масло најчесто се користи во храната како масло за пржење и во козметичките препарати за смекнување кожа. Првото масовно индустриско производство на сончогледово масло се случило 1835 година во тогашната Руска Империја.[1][2] Денес Русија и Украина се најголемите производители на сончогледово масло.[3]