Список на археолошки наоѓалишта во Перу
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Археолошките наоѓалишта во Перу ги опфаќаат наоѓалиштата на различен број стари цивилизации и култури од различен историско-културен период. Видот на наоѓалиштата е различен, па така има мали археолошки наоѓалишта но и големи наоѓалишта под заштита на УНЕСКО и важни за светската историја.[1] Исто така, наоѓалиштата се разликуваат и по стилот на градба, па така има од пирамиди и храмови па сè до цели градови како што се Чан Чан или Мачу Пикчу. Надлежна институција за одржување на истите е Националниот институт за култура на Перу.