Список на градови во Ерменија
список на статии на Викимедија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Градовите во Ерменија се најголемите населени места во државата. Според реформите од 2017 годидна, Ерменија не одредува статус на град (քաղաք k'aghak' ) според бројот на население, туку сите населени места ги дели на „урбани заедници“ (ерменски: քաղաքային համայնքներ kaghakayin hamaynkner) и „рурални заедници“ (գյուղական համայնքներ gyughakan hamaynkner). Според тоа, Ерменија има 46 населени места означени како „урбани заедници“, односно градови, а остатокот се „рурални заедници“ или села.
Трите најголеми града во Ерменија се Ереван, Гјумри и Ванаѕор и само овие три имаат население од над 80.000 жители. Сите други имаат под 50.000 жители. Пред реформите во 2017 година, Ерменија имала 49 града, но статусот населените места Дастакерт и Шамлуг бил сменет од град во село.