Срцев мускул
From Wikipedia, the free encyclopedia
Срцев мускул (латински-myocardium) е неволево, напречно пругасто мускулно ткиво кое се наоѓа во ѕидовите на хистолошката градба на срцето срцето, поточно во миокардиумот. Срцевиот мускул е еден од трите најголеми типови на мускули, други типови на мускулни се скелетено, напречно пругасто и мазно мускулно ткиво. Овие три типа на мускули се формирааат во процесот на миогенеза. Клетките кои го градат срцевиот мускул, се наречени кардиомиоцити или миокардиоцити, претежно имаат само едно јадро, иако постои и популација со две до четири јадра. Миокардиумот е срцево мускулно ткиво, и формира тенок средиштен слој помеѓу надворешниот слој епикардиуми и внатрешниот слој ендокардиум.
Срцев мускул | |
---|---|
Cardiac muscle | |
Cardiac muscle tissue is only found in the heart. | |
Податоци | |
Назнаки | |
Латински | Textus muscularis striatus cardiacus |
TA | A12.1.06.001 |
FMA | FMA:9462 |
Координираните мускулни контракции од срцевите мускулни клетки во срцето ја пумпаат крвта надвор од срцевата предкомора и комора до крвните садови и преку нив до респираторниот систем и останатиот дел од телото. Овој комплексен механизам ја објаснува систола на срцето.
Срцевите мускулни клетки, за разлика од останатите ткива во човечкиот организам, се потпираат на слободно крвно и електрично снабдување со цел да се достави кислород и хранливи материи и да се отстранат штетните материи како јагледород диоксид. Коронарната циркулација каротидни артерии помага за целосно достигнување на оваа функција.