Стефан Драгутин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Стефан Драгутин (унгарски: Dragutin István; околу 1244 – 12 март 1316) бил крал на Србија од 1276 до 1282 година. Од 1282 година, тој владеел со посебно кралство кое ја опфаќало северна Србија, и (од 1284 година) соседните унгарски банати (или погранични провинции), поради што неофицијално бил наречен „Крал на Сирмија“.[1][2][3][4][5]
Стефан Драгутин | |
---|---|
Кралот Драгутин, портрет (фреска) во црквата Свети Ахилиј, насликан за време на неговиот живот (околу 1296 година) | |
Крал на Срем | |
На престол | 1282 - 1316 |
Наследник | Стефан Владислав II од Срем |
Крал на Србија | |
На престол | 1276-1282 |
Претходник | Стефан Урош I |
Наследник | Стефан Урош II Милутин |
Почивалиште | Ѓурѓеви Ступови |
Сопружник | Катерина Унгарска |
Деца |
|
Династија | Немањиќи |
Татко | Стефан Урош I |
Мајка | Елена од Анжу |
Вероисповед | Православна црква |
Тој бил најстариот син на кралот Стефан Урош I од Србија и кралицата Елена. Драгутин се оженил со Катерина од Унгарија, веројатно откако неговиот татко склучил мировен договор со нејзиниот дедо, Бела IV, во 1268 година. До 1271 година, тој ја добиl титулата „млад крал“ како признание за неговото право да го наследи својот татко. Тој се побунил против својот татко и со унгарска помош го принудил да абдицира во 1276 година.
Драгутин ja напуштил централизичката политиката на Урош I и отстапил големи територии на мајка му во апанажа. По несреќа со јавање, тој абдицирал во корист на неговиот брат, Милутин, во 1282 година, но ги задржал северните региони на Србија долж унгарската граница. Две години подоцна, неговиот зет, Ладислав IV од Унгарија, му доделил три банати - Мачва (или Sirmia ulterior), Усора и Соли. Тој бил првиот српски монарх кој владеел со Белград. Со поддршка на неговиот брат, тој го окупирал и Браничево Банат во 1284 или 1285 година.
Теоретски, Драгутин бил вазал и на неговиот брат (за неговите српски територии), и на унгарските монарси (за четирите банати), но во пракса тој управувал со своето царство како независен владетел од 1290-тите. Неговите конфликти со Милутин прераснале во отворена војна во 1301 година, а тој често ги напаѓал соседните унгарски господари од 1307 година. Повеќето српски благородници го поддржувале Драгутин, но тој бил принуден да склучи мир со Милутин откако платениците на Милутин го разбиле во 1311 или 1312 година. Пред смртта влегол во манастир и умрел како монах Теоктист. На списокот на српски светци Драгутин е почитуван на 12 Ноември или 30 Октомври (датуми во стар стил и нов стил).