Тенерифе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тенерифе (шпански: Tenerife) — најголемиот и најнаселен остров на седумте Канарски Острови[2]. Со површина од 2.034,38 квадратни километри и 898.680 жители[3], опфаќа 43 % од вкупното население на Канарските Острови[2]. Тенерифе е најголемиот и најнаселен остров во Макаронезија[4].
Тенерифе Tenerife | ||
---|---|---|
Остров | ||
Dracaena draco, Анага, Национален парк „Теиде“, Традиционална куќа и Аудиторио де Тенерифе. | ||
Местоположба на островот | ||
Земја | Шпанија | |
Автономна заедница | Канарски Острови | |
Покраина | Тенерифе | |
Главен и најголем град | Санта Крус де Тенерифе (нас. 221,956) | |
Површина | ||
• Вкупна | 2.034 км2 (785 ми2) | |
Најг. вис. (Теиде) | &100000000000037180000003.718 м | |
Население (2014) | ||
• Вкупно | 889,936[1] | |
• Густина | 442/км2 (1,140/ми2) | |
• Етнички групи | Шпанци и неколку мали групи | |
Час. појас | WET (UTC±0) | |
• Лете (ЛСВ) | WEST (UTC+1) | |
Мреж. место | tenerife.es |
Околу пет милиони туристи го посетуваат Тенерифе секоја година, според кои податоци Тенерифе е најпосетуваниот остров на архипелагот[5]. Островот е еден од најважните туристички одредишта во Шпанија[6] и во светот. Тенерифе е домаќин на еден од најголемите карневали во светот, а карневалот во Санта Крус де Тенерифе работи за прогласување на настанот од страна на УНЕСКО како нематеријално културно наследство на светот[7][8][9].
Во Тенерифе постојат два аеродроми: Северен и Јужен. Тенерифе претставува економски центар на архипелагот[10][11].
Главниот град на островот, Санта Крус де Тенерифе, исто така е седиште на островотскиот совет (cabildo insular). Градот е главен град на автономната заедница на Канарски Острови (заедно со Лас Палмас), делејќи ги владините институции како што се претседателството и министерствата. Во периодот помеѓу територијалната поделба на Шпанија и 1827 година, Санта Крус де Тенерифе бил единствениот главен град на Канарските Острови. Во 1927 година, Шпанија прогласила два главни градови на Канарските Острови, како што е и денес[12][13]. Во Санта Крус се наоѓа современата сала „Аудиторио де Тенерифе“, архитектонски симбол на Канарските Острови[14][15].
На островот се наоѓа и Универзитетот Ла Лагуна, основан во 1792 година во Сан Кристобал де Ла Лагуна. Овој универзитет е најстариот универзитет во Канарските Острови. Градот Ла Лагуна е вклучен во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО и бил главен град на Канарските Острови пред да го замени Санта Крус во 1833 година[16].
Националниот парк „Теиде“ е исто така вклучен во списокот на светско културно наследство на УНЕСКО и се наоѓа во центарот на островот. Во него, планината Теиде се издига на највисока надморска височина во Шпанија и на највисока од островите на Атлантскиот Океан, и трет по големина вулкан во светот од неговата основа[17]. Исто така на островот се наоѓа и Анага, биосферен резерват вклучен во спосокот на УНЕСКО од 2015 година[18]. Резерватот има најголем број на ендемски видови во Европа[18].
Тенерифе е исто така познат по тоа што е место каде се случила најсмртоносната авионска несреќа во историјата во 1977 година.