Томасова прецесија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Томасова прецесија, именувана по Левелин Томас — релативистичка исправка која се однесува на вртењето на елементарната честичка или на ротацијата на макроскопскиот жироскоп и се однесува на аголната брзина на вртењето на честичката по криволиниска орбита и аголската брзина на орбиталното движење.
Два последователниЛорентцови зајакнувања водат кон Вигнеровата ротација на лабораториската рамка и на двојно поттикната рамка. За забрзано движење, забрзаната рамка има имерцијална рамка во секој момент. Два поттика оддалечени мал временски интервал водат кон Вегнерова ротација после второто поттикнување . Во лимитот, временскиот интервал се стреми кон нула, забрзаната рамка се врти во секој интервал, така што забрзаната рамка се врти со аголна брзина.
Прецесијата може геометриски да се разбере како последица на фактот дека просторот на брзините во релативноста е хиперболична, така што паралелниот транспорт на вектор (жироскопската аголна брзина) околу круг (неговата линеарна брзина) го остава да покажува кон различен правец, или алгебарски разбрана како резултат на некомунитативноста на Лоренцовите трансформации. Томасовата прецесија дава исправка на интеракцијата на ротацијата и орбитата во квантната механика, која ја зема предвид релативистичката дилатација на времето помеѓу електронот и јадрото на атомот.
Ако системот не претрпи никакво надворешно ротирање, на пример во надворешни скаларни полиња, неговите ротирачки динамики се утврдени само со Томасовата прецесија. Една дискретна Томасова ротација (во спротивност на серии од бесконечни ротации кои додаваат кон Томасовата прецесија) е пристуна во ситуации секогаш кога има три или повеќе инерцијални рамни во не-колинеарно движење, како што може да се види при користење на Лоренцови трансформации.