Трговско ембарго од Грција 1994-1995
From Wikipedia, the free encyclopedia
Трговско ембарго на Грција кон Македонија во 1994-1995 година е еднострано трговско ембарго кое е воведено од Грција на 16 февруари 1994 година и трае 18 месеци, до 15 октомври 1995 година. Новата грчка влада, предводена од Андреас Папандреу го воведува ова трговско ембарго поради несогласување со името и државното знаме на Република Македонија со 16-крако сонце. Трговската блокада беше во сила 18 месеци, до 15 октомври 1995 година. Штетата што ја претрпе Република Македонија од грчкото ембарго, според проценките на економските експерти, изнесуваше околу 2 милијарди долари (1994).[1]
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Тежината на ембаргото за Македонија беше дотолку поголема што во исто време беше на сила трговско ембарго од ОН кон СР Југославија, кое Македонија беше принудена да го почитува. Поради овие две блокади, земјата беше отсечена од главните трговски патишта преку Коридорот 10.