Трка околу Баскија 2012
From Wikipedia, the free encyclopedia
Трката околу Баскија 2012 било 52. издание на велосипедската етапна трка Трка околу Баскија. Започнала на 2 април во Гуењес и завршила на 7 април во Оњати. Била составена од шест етапи, вклучувајќи го и поединечниот хронометар. Таа била деветта трка во сезоната 2012 во Светската турнеја.
Светска турнеја на UCI 2012, трка 9 од 28 | |||
Рута на трката | |||
Детали за трката | |||
---|---|---|---|
Датум(и) | 2–7 април | ||
Етапи | 6 | ||
Растојание | 824,6 км | ||
Време | 20ч 58' 15" (39,321 км/ч) | ||
Добитници на наградите | |||
Победник | Самуел Санчес (Шпанија) | (Еускалтел-Еускади) | |
Втор | Хоаким Родригес (Шпанија) | (Катјуша) | |
Трет | Бауке Молема (Холандија) | (Рабобанк) | |
Бодовен | Самуел Санчес (Шпанија) | (Еускалтел-Еускади) | |
Планински | Мадс Кристенсен (Данска) | (Тим Саксо Банк) | |
Спринтерски | Марко Пиноти (Италија) | (Аксент.џобс-Вилемс Веранда) | |
Екипен | Катјуша | ||
← 2011 2013 → |
Трката била освоена од Шпанецот Самуел Санчес од екипата Еускалтел-Еускади, по освојување две етапи, вклучувајќи ја и последната хронометарска етапа, со што го преземал генералниот пласман последниот ден. Санчес го освоил генералниот пласман 12 секунди пред возачот на Катјуша Хоаким Родригес, кој водел сè до последната етапа; Санчес исто така го победил Родригес во бодовниот пласман. Третото место му припаднало на Холанѓанецот од Рабобанк Бауке Молема, откако завршил втор зад Санчес на хронометарот и добил доволно време да се помести од единаесеттото место наеднаш. Во другите пласмани на трката, Марко Пиноти од Аксент.џобс-Вилемс Веранда ја освоил зелената маичка за најголем број бодови добиени во посредните спринтови, додека возачот на Тим Саксо Банк Мадс Кристенсен го освоил планинскиот пласман, додека Катјуша завршиле на чело на екипниот пласман.