Тутун
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тутун (од турски: tütün, науч. Nicotiana) — род на кратколисни растенија од фамилијата зрнци по потекло од Северна и Јужна Америка, или сушените остри листови на овие растенија. Тутуновите листови често се пушат (видете пушење тутун) во облик на пури, цигари, во луле или наргиле. Ова е потенцијално штетно за белите дробови и може да предизвика рак и други заболувања како, на пример, астма. Тутунот може и да се џвака, „макнува“ (става помеѓу образот и непцето) и вшмркува во носот како фино мелен бурмут. Најголем дел од уживателите на тутунот, во кој и да било облик, стекнуваат навика да го користат секој ден.
Тутун | |
---|---|
Nicotiana tabacum | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Скриеносеменици |
Класа: | Дикотиледони |
Ред: | Зрновидни |
Семејство: | Зрнци |
Род: | Тутун (Nicotiana) L. |
Тутунот содржи никотин, силен невротоксин кој е особено опасен за инсектите. Секој начин на земање на тутун резултира со апсорпција на никотин во разни количества во крвотокот на уживателот, и со време, развиток на толеранција и зависност. Количеството на апсорпција, неговата честота и брзина се тесно поврзани со мерата на зависност и толеранција (доколку ги има) која може да се создаде. Смртоносна доза на никотин има во половина пура или три цигари; меѓутоа, само мал дел од никотинот во овие производи оди во чадот и речиси сите случаи на никотинско труење се резултат на концентрирани облици на состојката која се користи кај инсектицидите. Други активни алкалоиди во тутунот се хармалините.
Долготрајното пушење со себе носи ризици за развој на разни ракови и срцеви удари, како и тешки кардиоваскуларни и дишни болести. [1] Пушењето може да доведе и до значително пократок живот. [2] Многу земји имаат забрана за пушење со цел за намалување на потенцијалната штета врз здравството како резултат на пушење тутун. Прилично зголемениот ризик за развој на рак се должи на големата концентрација на нитрозамини и други канцерогени состојки кои се наоѓаат во тутунот и неговите остатоци заради анаеробно загревање, заради пушењето или начинот на сушењето на тутунот на оган. Некои методи на сушење на тутунот го зголемуваат ризикот на орален рак. [3] Наспроти тоа, со употреба на парен тутун (снус) се избегнува канцерогеноста со тоа што не се лачат нитрозамини, но штетните ефекти врз кардиоваскуларниот систем и панкреасот остануваат исти.[4]