УС Салернитана 1919
From Wikipedia, the free encyclopedia
УС Салернитана 1919, познат и само како Салернитана — италијански фудбалски клуб од Салерно, Кампанија.
Салернитана | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | УС Салернитана 1919 | |||
Држава | Италија | |||
Основан | 1919; пред 105 години (1919) 1927 (реоснован) 2005 (реоснован) 2011 (реоснован) | |||
Локација | Салерно, Италија | |||
Стадион | Ареки[1] | |||
Капацитет | 26,000[2] | |||
Сопственик | Андреја Радрицани | |||
Тренер | Пауло Соуса | |||
Лига | Серија А | |||
2020–21 | Серија Б, 2-ри (промоција) | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан на 19 јуни 1919 година од конзорциум предводен од Матео Скијавоне,[3][4][5] но во текот на својата историја, клубот трипати бил реоснован: во 1927[6] при што по воспоставувањето на новото партнерство клубот го добил сегашниот идентитет со дресови во гранатна боја, во 2005[7][8] и 2011 година од финансиски причини.[9] Сегашниот клуб, всушност, бил основан како Салерно Калчо во 2011 година, но продолжил со обележјата на Салернитана почнувајќи од 2012 година. На 19 јуни 2019 година, клубот прославил точно 100 години од својата фудбалска историја.
Салернитана се вратила во Серија А во 2021 година, по пауза од 23 сезони, откако завршиле на второто место во Серија Б со што добиле директна промоција. Претходно, клубот бил член на најсилната италијанска фудбалска лига само уште во два наврати во сезоната 1947-1948 и сезоната 1998-1999, но и во двата случаи испаднале од лигата уште во првата сезона по промоцијата.
Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Ареки, кој има капацитет од 26,000 седечки места.