Узедом
From Wikipedia, the free encyclopedia
Узедом (германски: Usedom) или Узнам (полски: Uznam) — остров во Балтичкото Море во Померанија, на самата граница помеѓу Германија и Полска. Тој е вториот најголем померански остров зад Риген и пред Волин.
Наречен и: Сончев остров | |
---|---|
Плажа, песок и шеталиште во Албек | |
Географија | |
Место | Балтичко Море |
Површина | 445 км2 |
Должина | 66,4 км |
Ширина | 23,9 км |
Брегова линија | 110 км |
Највисоко издигнување | 69 м |
Највисока точка | Голм |
Управување | |
Германија | |
Покраина | Мекленбург-Западна Померанија |
Округ | Западна Померанија-Грајфсвалд |
Најголема населба | Грајфсвалд |
Полска | |
Војводство | Западнопоморско |
Најголема населба населба | Шчеќин |
Демографија | |
Население | 76.500 (2012) |
Густина | 172 /km2 (445 /sq mi) |
Етнички групи | Германци, Полјаци |
Се наоѓа северно од Шчеќинскиот Залив (германски: Stettiner Haff) естуар на реката Одра. Околу 80% од островот припаѓа на германскиот округ Западна Померанија-Грајфсвалд во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија. Источниот дел и најголемиот град на островот – Швиноујшќе (германски: Swinemünde, полски: Świnoujście), припаѓа на полското Западнопоморско Војводство.
Во просек од 1.906 сончеви часа во годината, островот Узедом е најсончевиот регион како во Германија, така и во Полска, и исто така е најсончевиот остров во Балтичкото Море.[1] Оттука потекнува и неговиот прекар Сончев остров (германски: Sonneninsel).
Неговата површина е 445 км2 (германскиот дел 373 км2; полскиот дел 72 км2). Вкупно има 76.500 жители (на германскиот дел 31.500 и на полскиот дел 45.000).