Употребливост
From Wikipedia, the free encyclopedia
Употребливост (анг. usability) е термин со кој се определува леснотијата со која луѓето може да користат одредена алатка или друг објект за да постигнат определена цел. Употребливоста може да се однесува и на методите за мерење на употребливоста и изучувањето на принципите кои лежат во основа на перцепираната ефикасност или елеганција на објектот.
При интеракцијата човек-компјутер и во информатиката, употребливоста обично се однесува на елеганцијата и јасноста на дизајнирањето на интеракцијата со сметачки програм или мрежно место. Терминот исто така често се користи и во контекст на производи како електронски уреди за широка потрошувачка, или во областите на комуникации, објекти за трансфер на знаење (како книга-готвач, документ или е-систем за помош). Исто така може да се однесува на ефикасен дизајн на механички објекти како квака за врата или чекан.