ФК Јувентус
италијанска фудбалска екипа / From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Јувентус (од латински: Juventus, „младост“), познат под прекарот Јуве — италијански фудбалски клуб од градот Торино, Пиемонт. Јувентус е трет најстар фудбалски клуб во земјата и со исклучок на една сезона, ја има поминато целата своја историја во првата италијанска лига (позната и како Серија А од 1929 година).
Јувентус | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб Јувентус С.п.А. | |||
Држава | Италија | |||
Прекар | Старата дама[1], Бјанконери (Црно-бели), Зебрата | |||
Основан | 1 ноември 1897; пред 123 години (како Спортски клуб „Јувентус“) | |||
Локација | Торино, Италија | |||
Бои | црна и бела | |||
Стадион | Алијанц стедиум | |||
Капацитет | 41,000 | |||
Сопственик | Семејството Ањели (преку Exor S.p.A) | |||
Претседател | Андреја Ањели | |||
Тренер | Масимилијано Алегри | |||
Лига | Серија А | |||
2020–21 | Серија А, 4-ти | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
Титули | 71 Серија А : 36 Лига на шампиони : 2 Куп на УЕФА : 3 | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот бил основан во 1897 година како Спортски клуб „Јувентус“ од страна на група на млади студенти од Торино, а меѓу нив, и човекот кој бил нивниот прв претседател, Еугенио Канфари како и неговиот брат Енрико. Тие се автори на оваа компанија за историско паметење и биле управувани од страна на индустриското семејство Ањели уште од 1923 година, што претставува најстаро спортско партнерство во Италија. Со тоа Јувентус бил првиот професионален клуб во земјата. Со текот на времето, клубот станал симбол на нацијата што се должело на нивната долга традиција на успех. Во текот на 1930-тите, период во кој Јувентус освоил рекордни пет последователни титули во првенството, клубот доживеал огромен прогрес во поглед на бројот на неговите навивачи, со што станала првата екипа во Италија која имала децентрализирани навивачи. Исто така, клубот во тоа време бил идентификуван од страна на италијанскиот народ како „екипа која го претставува целото население“ или „Екипата на Италија“ како го нарекувале во втората половина на 1920-тите. Ова се рефлектирало, меѓу другото, и на придонесите на клубот во италијанската фудбалска репрезентација, каде непрекинато од втората половина на 1920-тите години е признаен како една од највлијателните екипи во репрезентативниот фудбал, екипа која дава играчи кој ја вршеле одлучувачката улога во репрезентациите кој триумфирале на светските првенства во 1934, 1982 и 2006 година. Навивачите на клубот се во поголем број од било кој друг фудбалски клуб во Италија и во тој поглед е еден од најголемите клубови во целиот свет. Поддршката за Јувентус е широко распространета низ целата земја, но и во странство, главно во земјите со значајно присуство на италијанска дијаспора.[2]
Јувентус се историски најуспешниот клуб во италијанскиот фудбал. Генерално, тие имаат освоено 67 официјални титули на националната и меѓународната сцена, повеќе од било кој друг италијански клуб, а тие се: 34 првенствени титули (што претставува рекорд), тринаесет Купа на Италија (исто така рекорд) и осум национални суперкупа како и, единаесет наслови во конфедерациски и интер-конфедерациски натпреварувања (два Интерконтинентални купа, двапати Европски првак, еден Куп на победниците на куповите, рекордни три наслови во Купот на УЕФА, еден Интертото куп и уште два Суперкупа на Европа). Клубот во моментов е рангиран на четвртото место во Европа и седми во светот на списокот на клубови со најмногу освоени трофеи. Во 1985 година, кога на клупата бил Џовани Трапатони, тој ја предводел торинската екипа до тринаесет официјални трофеи во десет години до 1996 година, вклучувајќи шест лигашки и пет меѓународни титули; Јувентус станал првиот клуб во историјата на европскиот фудбал кој успеал да ги освои сите три главни натпреварувања организирани од страна на УЕФА: Куп на шампиони (сега веќе непостоечки), Купот на победниците на куповите и Купот на УЕФА (првиот италијански и јужно-европски клуб кој успеал да победи во Купот на УЕФА). По нивниот триумф во Интерконтиненталниот куп истата година, клубот станал, исто така, прв во фудбалската историја и останал единствен во моментов кој ги има освоено сите можни конфедерациски турнири и клупската светска титула.
Според пласманот на сите времиња објавени во 2009 година од страна на IFFHS, организација призната од страна на ФИФА, врз основа на перформансите на клубовите и меѓународните натпревари, Јувентус е најдобар клуб во Италија и втор во Европа за XX век.[3]