ФК Мајнц 05
германски фудбалски клуб / From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Мајнц 05 или само Мајнц 05 е германски фудбалски клуб од градот Мајнц, Рајнската област-Пфалц, формиран во 1905 година. Во моментов се натпреварува во Првата Бундеслига, највисокото ниво на германскиот фудбал. Покрај фудбалскиот клуб, Мајнц 05 има и ракометен и пингпонгарски клуб.
Мајнц 05 | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | 1. Фусбал унд Шпортферајн Мајнц 05 е.В. | |||
Прекар | Die Nullfünfer (Петките), Karnevalsverein (Карневалски клуб) | |||
Основан | 16 март 1905; пред 119 години (1905-03-16)[1] | |||
Стадион | Опел Арена | |||
Капацитет | 34,034 | |||
Петседател | Харалд Штрутц | |||
Менаџер | Рувен Шредер | |||
Тренер | Сандро Шварц | |||
Лига | Бундеслига | |||
2021/22 | 8-ти | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Едно од најголемите достигнувања на клубот е пласманот во Првата Бундеслига во 2004 година. Меѓутоа, по историската промоција таму се задржале само неколку сезони до 2007 година по што испаднале во Втората Бундеслига, но во 2009 година повторно се вратиле во највисокото ниво и оттогаш до денес се постојан член во Првата лига на Германија. Меѓу другите успеси на клубот спаѓаат полуфиналето на Купот на Германија во сезоната 2008-2009 и освојувањето на шестото место во Бундеслигата на крајот од сезоната 2015-2016, а со тоа и учество во квалификациите за групната фаза на Лига Европа.
Од сезоната 2011-2012 својте домашни натпревари клубот ги игра на Опел Арена, неодамна отворениот стадион кој својата инагурација ја имал на 3 јули 2011. Стадионот е со капацитет од 34 000 седечки места. Традиционлните бои на клубот се црвената и белата, а најчесто играат во црвени дресови и бели шорцеви.