ФК Сиетл Саундерс
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Сиетл Саундерс е американски професионален фудбалски клуб со седиште во Сиетл, Вашингтон, кој се натпреварува во западната конференција на МЛС лигата. Клубот е основан на 13 ноември 2007 година, а започнале да се натпреваруваат во 2009 како резултат на проширувањето на бројот на клубови во МЛС лигата, со што тие станале 15-тиот тим. Името Саундерс го избрале навивачите преку една онлајн анкета во 2008 година, со што ФК Сиетл Саундерс станал третиот фудбалски клуб од градот Сиетл кој го носи истото име.
Сиетл Саундерс | |||
---|---|---|---|
Целосно име | ФК Сиетл Саундерс | ||
Држава | САД | ||
Основан | 13 ноември 2007 | ||
Бои | зелена и сина | ||
Стадион | СенчриЛинк Филд Сиетл, Вашингтон | ||
Капацитет | 41,000 | ||
Сопственик | Џо Рот Едријан Ханауер Пол Ален Дру Кери | ||
Тренер | Брајан Шмецер | ||
Лига | МЛС | ||
2018 | Западна Конференција: 2-ри Вкупно: 4-ти Плејоф: конф. полуфинале | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
Мнозинското сопствеништвото на клубот му припаѓа на американскиот стопанственик Едријан Ханауер, додека помал дел од акциите имаат холивудскиот продуцент Џо Рот, потоа Пол Ален и Дру Кери. Поранешниот тренер на стариот Сиетл Саундерс, Брајан Шмецер, е моментален тренер на клубот а функцијата ја преземал во 2016 година по заминувањето на Зиги Шмид. Својте домашни натпревари Саундерс ги играат на СенчриЛинк Филд. Заедно со уште неколку организирани групи, 53-члениот бенд наречен "Саунд Вејв" го поддржува клубот на секој домашен натпревар. Сиетл исто така се натпреварува во Каскадија купот со својте соперници од МЛС Портланд и Ванкувер.
Саундерс го одиграле својот прв натпревар на 19 март 2009 година, победувајќи ги Њујорк Ред Булс со 3-0. Сиетл се меѓу најуспешните клубови во лигата, водат по бројот на продадени сезонски билети, и се квалификувале во Плејофот за МЛС купот во секоја сезона досега по приклучувањето во лигата. Досега клубот го освоил 4 пати Отворениот куп на САД, MLS Supporters' Shield во 2014 и МЛС купот во 2016. Покрај тоа е водач по бројот на посетеност во МЛС уште од нивната прва сезона, со постојано одржување на просек од 50-65% повеќе од следниот тим со највисока посетеност во лигата, ЛА Галакси.
Меѓу најпознатите играчи кој играле за клубот се двајцата најдобри стрелци во клупската историја Клинт Демпси (поранешен капитен на американската репрезентација) и Фреди Монтеиро, потоа нигерискиот напаѓач Обафеми Мартинс, долгогодишниот капитен Освалдо Алонсо и моменталниот капитен Николас Лодеиро. Исто така низ годините клубот произвел и некој локални играчи кој излегле од академијата на клубот како ДеАндре Једлин, моментален играч на Њукасл Јунајтед во Англија и моменталниот напаѓач на клубот Џордан Морис.