ФК Цирих
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалски клуб Цирих, попознат како ФК Цирих или скратено ФКЦ, е швајцарски фудбалски клуб од градот Цирих. Моментално се натпреварува во Швајцарската Супер лига.
Кратки факти Целосно име, Основан ...
Целосно име | Фудбалски клуб Цирих | ||
---|---|---|---|
Основан | 1896 | ||
Стадион | Стадион Лецигрунд Цирих, Швајцарија (Капацитет: 25,000) | ||
Сопственик | Анкило Канепа | ||
Тренер | Урс Мејер | ||
Лига | Швајцарска Супер лига | ||
2022/23 | 8., Швајцарска Супер лига | ||
Мреж. место | Службено мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
Затвори
Клубот е основан во 1896 година и е еден од најуспешните клубови во Швајцарија. Цирих има 12 титули во швајцарското првенство и 8 купови на својата земја, а исто така има пласмани во полуфиналето на Европскиот Куп на Шамппиони во сезоните 1963-64 и 1976-77.
Својте домашни натпревари клубот ги игра на Лецигрунд стадионот кој има капацитет од 25.000 места. Најголеми соперници му се Грасхопер, со кој игра градско дерби и Базел.