Фаза (термодинамика)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фаза — подрачје во просторот (термодинамички систем) во кое сите физички својства на еден материјал се суштински еднообразни.[1][2]:86[3]:3 Примери за физички својства се густината, показателот на прекршување, магнетизацијата и хемискиот состав. Поупростено, фазата е подрачје на материјалот кое е хемиски еднообразно, физички посебно, и (честопати) механички одделиво. Во систем од мраз и вода во стаклена тегла, коцките мраз се една фаза, водата е втора, а влажниот воздух над нив е трета. Стаклото на теглата е друга посебна фаза.
Поимот фаза понекогаш се користи синонимно на состојба на материјата (агрегатна состојба), но постојат неколку немешливи фази со во иста состојба. Исто така, поимот фаза се користи за низа рамнотежни состојби кои се одделуваат со состојбените променливи како притисокот и температурата по нивната фазна граница на фазен дијаграм. Бидејќи фазните граници се однесуваат на промените во подреденоста на материјата, како од течност во цврсто тело или посуптилна промена од една кристална структура во друга, второто значења на поимот „фаза“ е сличен на синонимот за состојба на материјата. Мешутоа, претставите на состојбите и фазите не се истомерни со горенаведената формална одредба, и предвиденото значење се одредува по контекстот на употреба.