Френк Лојд Рајт
From Wikipedia, the free encyclopedia
Френк Лојд Рајт (англиски: Frank Lloyd Wright; 8 јуни 1867 - 9 април 1959 ) — прочуен американски архитект, дизајнер, писател и просветен работник, чии дела извршиле огромно влијание врз развојот на западната архитектура во првата половина на XX век. Работел на над 1.000 проекти, од кои повеќе од 500 биле завршени.[1] Рајт бил истакнат претставник на органска органската архитектура, водач на архитектонското движење за изградба на прериски куќи и придонел за развојот на јусоновските градби. Неговата работа се одликувала со изградба на многубројни и разновидни објекти, вклучувајќи згради, цркви, училишта, облакодери, хотели и музеи. Тој, исто така проектирал и внатрешни елементи на градбите, како мебел и витраж.
Френк Лојд Рајт | |
---|---|
Роден(а) | 8 јуни 1867 Ричленд Сентер, САД |
Починал(а) | 9 април 1959 Феникс, САД |
Националност | Американец |
Зданија | Куќа Роби Куќа над водопадот Џонсон Вакс Музеј Гугенхајм Талиесин |
Рајт напишал околу 20 книги и многу статии, а бил и познат лектор во САД и Европа. Неговиот исполнет живот, често бил тема на разговори заглавје на многу весници, но особено за време на пожарот во неговто студио Талиесин.
Како истакнат и влијателен архитект за време на својот живот, во 1991 година, Американскиот институт за архитектура го прогласил Рајт за „најголем американски архитект на сите времиња.“[1]