Фудбалска репрезентација на Словачка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Словачка (словачки: Slovenské národné futbalové mužstvo) е национален машки фудбалски тим на Словачка раководен од фудбалскиот сојуз на Словачка. Од 2016 година, натпреварите на домашен терен, словачката репрезентација ги игра на реновираниот стадион Антон Малатинскиј[3] во Трнава, а селектор на репрезентацијата е Јан Козак. Словачката репрезентација го има еден од најмладите фудбалски репрезентации во светот, откако се раздели од репрезентацијата на Чехословачка по распадот на обединетата држава во 1993 година. Од тогаш, Словачка има сопствена фудбалска репрезентација која се натпреварува на сите големи професионални турнири.
Грб на фудбалскиот сојуз | |||
Прекари(и) | Репре[1] Словачки соколи [2] | ||
---|---|---|---|
Сојуз | Фудбалски сојуз на Словачка | ||
Конфедерација | УЕФА (Европа) | ||
Селектор | Јан Козак | ||
Капитен | Мартин Шкртел | ||
Најмногу настапи | Мирослав Карган (107) | ||
Најдобар стрелец | Роберт Витек (23) | ||
Домашен стадион | Стадион Антон Малатинскиј | ||
ФИФА код | SVK | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 23 (април 2017) | ||
Највисок | 14 (август 2015) | ||
Најнизок | 150 (декември 1993) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Прва Словачка Републука: Словачка 2–0 Германија (Братислава, Словачка; 27 август 1939) Втора Словачка Република: Неофицијален: Литванија 0–1 Словачка (Вилнус, Литванија; 14 октомври 1992) Официјален: ОАР 0–1 Словачка (Дубаи, ОАЕ; 2 февруари 1994) | |||
Најголема победа | |||
Словачка 7–0 Лихтенштајн (Братислава, Словачка; 8 септември 2004) Словачка 7–0 Сан Марино (Дубница на Вах, Словачка; 13 октомври 2007) Словачка 7–0 Сан Марино (Братислава, Словачка; 6 јуни 2009) | |||
Најлош пораз | |||
Аргентина 6–0 Словачка (Мендоса, Аргентина; 22 јуни 1995) Шведска 6–0 Словачка (Абу Даби, ОАЕ; 12 јануари 2017) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 1 | ||
Најдобар резултат | Осминафинале, 2010 | ||
Европско првенство | |||
Учества | 1 | ||
Најдобар резултат | Осминафинале, 2016 |
Словачка се квалификувала на две големи првенства досега, на Светското првенство 2010 и на Европското првенство 2016. Словачка изборила пласман на Светското првенство 2010 кое се одржало во Јужна Африка завршувајќи на првото место во својата квалификациска група и покрај двата порази од Словенија. Во групната фаза од првенството, Словачка ремизирала со Нов Зеланд и забележала победа од 3–2 над Италија, со што се пласирала во осминафиналето, во кое била поразена од финалистот Холандија со 2–1. Тоа било првпат Словачка да се пласира на големо фудбалско натпреварување, откако играла во секој квалификациски циклус за Светско првенство од 1998 и секој квалификациски циклус за Европско првенство од 1996 година. Словачката репрезентација била на чекор до пласман на Светското првенство 2006, но во баражот била елиминирана од Шпанија. Словачка не успеала да се квалификува за Светското првенство 2014, но обезбедила пласман на Европското првенство 2016 во Франција под водство на селекторот Јан Козак, кој му помогнал на тимот да го постигне рекордното 14. место на ФИФА ранг листата.