Фуриеов ред
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фуриеов ред – начин во математиката со кој периодичната функција се разлага на своите „спектрални компоненти“ заради поедноставна анализа. Неколкуте први членови на таквото разложување во техниката често се земаат како многу корисен вид на апроксимација.
Дискретната Фуриеова преобразба ги претвора дискретните вредности (вектор) во Фуриеови коефициенти. Непрекинатата Фуриеова преобразба го прави истото тоа со функциите. Името го добила според францускиот математичар Жозеф Фурие (1768 — 1830).