Ханс Кристијан Ерстед
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ханс Кристијан Ерстед (дански: Hans Christian Ørsted); 14 август 1777 – 9 март 1851 ) – дански физичар, хемичар, и следбеник на Имануел Кант кој го открил магнетниот ефект на електричната струја. Денес најмногу е познат по Ерстедовиот закон.[2] Во 1824 година, Ерстед го основал здружението на природните науки во Данска. Исто така, основач е на данскиот метереолошки институт и данскиот државен завод за заштита на индустриска сопственост. Ерстед е првиот кој експлицитно го опишал мисловниот експеримент. Водач на таканаречениот Дански Златен век, Ерстед бил близок другар на Ханс Кристијан Андерсен и братот на Андерс Ерстед, кој подоцна ќе стане премиер на Данска (1853-54). Во чест на Ерстед, мерната единица за магнетна сила е наречена ерстед.
Ханс Кристијан Ерстед Hans Christian Ørsted | |
---|---|
Роден(а) | 14 август 1777(1777-08-14) Рудкебинг, Данска |
Починал(а) | 9 март 1851(1851-03-09) (возр. 73) Копенхаген, Данска |
Националност | Данска |
Полиња | физика, хемија |
Установи | Копенхашки универзитет |
Образование | Копенхашки универзитет (докторат) (1799)[1] |
Познат по | пронаоѓање на електромагнеризмот[1] |
Влијание од | Имануел Кант |
Поважни награди | Коплиев медал (1820) |
Потпис |