Хаплогрупа D-M55
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хаплогрупата D-M55 (M64.1/Page44.1) позната и како Хаплогрупа D1a2a — хаплогрупа со Y хромозом. Таа е една од двете гранки на Хаплогрупата D1a. Другата е D1a1, која се среќава со висока фреквенција кај Тибеќаните и другите тибето-бурмански популации и географски блиски групи. D е исто така распространета со мала до средна фреквенција во Централна Азија, Источна Азија и континентална Југоисточна Азија.
Хаплогрупа D-M55 | |
---|---|
Можно време на потекло | 45,357 (95% CI 52,258 - 39,364) години пред сегашноста[1] 45,200 (95% CI 48,500 <-> 42,000) години пред сегашноста[2] |
Возраст на спојување | 21,434 (95% CI 24,812 - 18,513) години пред сегашноста[3] 21,000 (95% CI 22,800 <-> 19,300) години пред сегашноста[2] |
Можно место на потекло | Јапонски архипелаг |
Предок | D-M174 |
Дефинирање на мутации | M55, M57, M64.1, M179, P37.1, P41.1, P190, 12f2b |
Највисоки фреквенции | Јапонци, Џомони, Ајни、 Рукуанци |
Хаплогрупата D-M55 се наоѓа кај околу 33% [4] [5] [6] [7] [8]од денешните јапонски мажи. Била пронајдена во четиринаесет од примерокот од шеснаесет или 87,5% од примерокот кај мажите Ајни во едно иследување објавено во 2004 година [9] и во три од примерок од четири или 75% од примерокот кај мажите Ајни во друго проучување објавено во 2005 година во која некои поединци од студијата од 2004 година можеби биле повторно тестирани. Во моментов таа е најчестата Y-ДНК хаплогрупа во Јапонија доколку O1-F265 и O2-M122 (Најновиот заеднички предок (НЗП) приближно 30.000 ~ 35.000 п.с.) се сметаат за посебни хаплогрупи. Хаплогрупата D-M55 можеби е родена во Јапонија во секое време помеѓу нејзината НЗП со D-Y34637 (најдена во денешни Онги и Јарави) пред околу 45.000 години и НЗП на сите постоечки гранки на D-M55 пред околу 21.000 години.
Во 2017 година било потврдено дека јапонската гранка на хаплогрупата D-M55 е различна и изолирана од другите гранки на хаплогрупата D од пред околу 50.000 години. Расцепот во Д1а можеби се случил во близина на Тибетската Висорамнина. [10]