Хасанал Болкијах
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хасанал Болкијах ибни Омар Али Саифудиен III [1] ( јави: حسن البلقية; роден на 15 јули 1946 година) е 29-тиот и актуелен султан од Брунеј (од 1967) и премиер на Брунеј по стекнувањето независност од Обединетото Кралство во 1984 година. Тој е еден од последните апсолутни монарси во светот. Го наследил тронот на Брунеј како најстар син на султанот Омар Али Саифудиен III по абдицирањето на неговиот татко на 5 октомври 1967 година.
Хасанал Болкијах | |
---|---|
Хасанал Болкијах во 2021 | |
Султан на Брунеј | |
Владеење | 5 октомври 1967 – сега |
Претходник | Омар Али Сајфудиен III |
Наследник | Ал-Мухтади Болкиах |
Роден(а) | 15 јули 1946(1946-07-15) (77 г.) Истана Дарусалам, Бандар Сери Бегаван, Британски протекторат Брунеј (денес Брунеј) |
Сопружник |
|
Деца | 11 |
Династија | Болкијах |
Вероисповед | Сунитски ислам |
Потпис |
Султанот е меѓу најбогатите луѓе во светот. Во 2008 година, Форбс проценил дека неговото вкупно нето богатство изнесувало 20 милијарди американски долари. По смртта на кралицата од Обединетото Кралство Елизабета Втора во 2022 година, султанот е актуелен монарх кој најдолго владее со една држава во светот,[2] и актуелен шеф на држава со најдолг стаж. На 5 октомври 2017 година, султанот го прославил својот златен јубилеј за да ја одбележи 50-тата година од неговото владеење.[3]