Хенри VIII
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хенри VIII (англиски: Henry VIII; 28 јуни 1491 — 28 јануари 1547 ) — крал на Англија и лорд на Ирска, подоцна и крал на Ирска од 22 април 1509 па сè до неговата смрт. Бил вториот монарх од династијата Тјудори, наследувајќи го својот татко Хенри VII. Познат по тоа што се женел шест пати. Тој ја имал можеби најголемата моќ на било кој англиски монарх и го донел актот за распуштање на манастирите и ја создал заедницата помеѓу Англија и Велс.
Хенри VIII | |
---|---|
Крал на Англија; Лорд на Ирска (повеќе...) | |
Портрет од Ханс Холбајн Помладиот | |
Владеел(а) | 21 април 1509 – 28 јануари 1547 |
Крунисување | 24 јуни 1509 |
Претходник | Хенри VII |
Наследник | Едвард VI |
Consort | Катерина Арагонска омж. 1509, пон. 1533 Ана Боленска |
Деца | |
Мери I Хенри Фицрој Елизабета I Едвард VI | |
Титули | |
НВ Кралот Прицот од Велс Војвода од Јорк Принц Хенри | |
Династија | Тјудори |
Татко | Хенри VII |
Мајка | Елизабета Јоршка |
Роден(а) | 28 јуни 1491
Плацентија, Гринич |
Умрел(а) | 28 јануари 1547
Вајтхолска палата, Лондон |
Погребан(а) | Капела Св. Ѓорѓија, Виндзорски замок |
Хенри VIII бил трето дете на Хенри VII и на Елизабета Јоршка. Неговиот постар брат Артур, принцот од Велс, починал во 1502, со што Хенри станал престолонаследник.
Хенри VIII е познат и по своите законодавни дела во државата, вклучувајќи ги и актите според кои Англиканската црква се одделува од Римската, а кралот ја добива титулата Врховен управник на Англиканската Црква.
Хенри VIII е познат по тоа што бил страстен и добар коцкар. Во својата младост обожавал да спортува, а најомилени спортови му биле тенис, лов како и витешките двобои. Тој исто така бил успешен поет, музичар и писател; едно од неговите најпознати дела е „Разонода со добро друштво“ (Pastime with good company). Хенри VIII бил вклучен во изградбата и уредувањето на неколку позанти објекти меѓу кои се Вестминсертската капела во Лондон, Кралевата универзитетска капела во Камбриџ и палатата Нонсач. Многу од објектите кои Хенри ги обновил и изградил подоцна биле конфскувани од кардиналот Томас Вулзи како на пр. Христовата црква од Оксфорд, Хемптонскиот Двор, Вајтхолска палата како и Колеџот на Тројството од Кембриџ.